Киев подготвува провокација со хлор во регионот на Харков, предупреди Москва

Украинските тајни служби подготвуваат „голема провокација со употреба на отвоврни матрии“ во местото Первомајско во областа на Хармов, предупреди во средата портпаролот на руското министерство за одбрана, генерал-мајорот Игор Конашенков.

„На територијата на производствениот холдинг ‘Химпром’ припадници на Службата за безбедноста на Украина (разизнавачката агенција СБУ) минираа складишта со 120 тони хлор“, рече Конашенков.

Во најновото предупредување од ваков вид, портпаролот на руското министерство за одбрана повтори дека целта на овие активности е Русија да биде обвинета за „предизвикување хемиска катастрофа која предизвикала смрт на локални жители“.

Уште кон средината на март руското министерство за одбрана повеќепати предупредуваше и ја обвинуваше Украина дека подготвува напад со хемиско оружје врз цивили за кој заедно со странските инструктори сака да ја обвини Русија.

„Имаме веродостојно сознаниеја дека СБУ подготвува провокација со користење на токсични супстанции со поддршка на западните држаави. „Целта на провокацијата е да се обвини Русија за користење хемиско оружје против украинското население. Руските сили не корстат хемиско оружје и тоа е уништено“, истакна тогаш Конашенков потсетувајќи на меѓународните инспекции според договорите.

Западните земји, откако Русија предупреди со конкретни информаци дека украинските радикали со помош на странски инстркуктори подготвуваат хемиски напад и оти во Украина е откриена мрежа од биолаборатории финансирани од САД, изјавуваат дека стравуваат од зголемен ризик од користење биолошко и хемиско оружје, кое наводно би го користеле руските сили. Обвинија дека податоците на Москва за постоење такво оружје во Украина наводно било изговор таа самата да го користи.

Москва уште на 11-ти март предупреди дека „украинските радикални групации под контрола на претставници на американските разузнавачки служби, подготвија неколку можни сценарија за употреба на тоскични хемикалии за извршување разни видови провокации. Целта на таквите акции е да се обвини Русија за употреба на хемиско оружје против цивилно население и прекршување на своите обврски, вклучително и оние од Конвенцијата за хемиско оружје (CWC)“.

Според сознанијата на Москва, една од подготвените варијанти е саботажа во едно од украинските хемиски претпријатија со минирање големи контејнери со индустриски хемикалии, за што имаше извествања на почетокот од седмицава. Руската страна конкретизираше дека е планирано е да се минираат резервоари со амонијак во објектите на приватно акционерко друштво Северодонецка групација Азот (во градот Северодонецк) и јавното акционерско друштво Одеско пристанишно претпријатие (во Одеса).

Друго сценарио, според сознанијата до коишто дошло руското разузнавање е експлозија на контејнери со токсични хемикали во густо населени области. Конкретно, со сугурност било утврдено дека на 8-ми и 9-ти декември 2021 година, украинските радикали испорачале метални буриња од по 200 литри со странски ознаки на територијата на Донецката област. При нивното истоварување четворица украински војници добија сериозни хемиски изгореници и труење. Целата координација на испораката и складирањето на опасните материи ја извршиле припадници на американската приватна воена компанија „Forward Observation Group“ со седиште во сојузната држава Невада.

И покрај предупредувањата од Русија, украинската страна не се откажала од „ваквите терористички активности“. Конкретно се посочува дека ноќта на 9-ти март годинава радикалите донеле 80 тони амонијак во населбата Золочив и „го инструираат цивилното население како да се однесува во зоната на хемиска контаминација“.

„Ги информираме државите членки на Конвенцијата дека таквите подготовки јасно укажуваат на спремност за употреба отровни хемикалии. Со оглед на пропагандната капања започната во западните земји, нема сомнежи дека планираните провокации имаат цел да ја обвинат Русија за употреба на хемикалии. Во тој поглед постојат зголемени ризици дека екстремистички настроените елементи кои дејстуваат во составот на ткн национални баталјони може да одлучат да преземат радикални чекори, чии ужасни последици не можатда се предвидат“, предупреди руското министерство за надворешни работи во документот кон средината на март доставен во Организацијата за забрана на хемиското оружје (OPCW) и до Советот за безбедност при ОН.