Кина донираше повеќе од три илјади книги, учебници и наставни помагала за Конфучиј институтот.
Кинеските професори сметаат дека Конфучиј институтот претставува значаен културен центар на Кина, а ширум светот се отворени 400 вакви институти.
Во земјава веќе има интерес за изучување на овој древен јазик, а 40 студенти од земјава ќе заминат на студии во Кина да ја изучуваат традиционалната древна медицина.