Кина: Експлозија во илегално казино, 15 мртви

Хаос во кинеско село, полицијата прави рација по експлозија на место познатото како илегално казино.

Според Би-Би-Си 15 лица загинале, а неколкумина  се повредени во експлозија во селото Каили Сити вчера во попладненвите часови. Кинеската полиција уапсила осум лица кои се осомничени за инцидентот. Местото на експлозијата е познатото како илегално казино.

Локалните медиуми јавија дека загинатите се коцкале во шатор поставен на ридот во селото.

Полицијата работи на откривање на причините.