Кина наметна царини на стоки од САД во износ од 75 милијарди долари

Кина воведува дополнителни давачки на увозот на американски стоки во износ од 75 милијарди американски долари на годишно ниво, во потегот кој јасно укажува дека Пекинг е подготвен за трговската војна со Вашингтон.

„Комитетот за тарифи при Државниот совет на Кина донесе одлука да воведе дополнителни царини во износ од 10 и 5 отсто“, се наведува во соопштението на кинескето министерство за финансии.

Новите намети за 5.078 производи ќе стапат на сила на полноќ по пекиншко време на 1-ви септември, и соодветно на 15-ти декември. Овој потег доаѓа како одговор на одлуката Вашингтон да вовдеде дополнителни 10 отсто царини на кинеска стока во вредност од 300 милијарди долари во истиот период.

„Покрешните постапки на САД доведоа до натамошно ескалирање на трговско-економските тензии, сериозно поткопувајќи ги интеесите не само на Кина и на САД, туку и на целиот свет“, се истакнува во соопштението.

Покрај тоа, Пекинг повторно ќе наметне дополнителни давачки од 25 и од 5 отсто за американските автомобили и делови, соопшти кинеското министерство за финансии.

Трговскиот судир меѓу САД и Кина започна минатото лето, кога Вашингтон одлучи да воведе царини од 25 отсто на увозот на 818 кинески производи во вкупна вредност од 34 милијарди долари. Кинеската страна реагираше реципрочно. Кон крајот на мај по единаесеттиот круг консултации, двете страни најавија воведување меѓусебни трговски давачки: САД за кинескиот увоз во износ од 200 милијарди долари, а Кина а повеќе од 5.000 американски производи во вкупна вреднсот од 60 милијарди долари. Последната засега, дванаесетта рунда од преговорите меѓу САД и Кина заврши без договор кон крајот на јули.

На почетокот од август американскиот претседател Доналд Трамп вети воведување нови царини од 1-ви септември, но истакна дека тие нема да се однесуваат на кинеските стоки во вредност од 250 милијарди доалри, за кои веќе нема воведени намети од 25 отсто. Како одговор на тоа, Кина рекордно го намали курсот на својата валута јуанот во однос на американскиот долар, по што американското министерство за финасии го обвини Пекинг за „валутни манипулации“ за да ја зајакне конкурентноста на домашната економија. Пекинг потоа го запре натамошното слабеење на домашната валута, но пазарите и натаму се вознемирени поради можните последици по американско-кинеските трговски тензии кои влијаат на компаниите на глобално ниво.

Минатиот понеделник, 12-ти август, аналитичарите на инвестициската банка „Goldman Sachs“ прогнозираа рецесија на економијата на САД поради трговската војна со Кина и ја намалија својата прогноза за економскиот раст за до 1,8 отсто. Веќе следниот ден беше објавено дека Вашингтон го одложил до 15-ти декември воведување на царините кои ги најави Трамп, особено на кинеските смартфони и лаптопи. Трамп ги појасни овие мерки со желбата да не им наштети на американските потрошувачи во пресрет на божникниот шопинг и притоа изрази надеж дека Кина ќе ги исполни своите обрски за купување американски земјоделски производи.