![vakcina](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/02/vakcina-1.jpg?resize=696%2C447&ssl=1)
Кина потрошила 40,52 милиони дози од вакцините против Covid-19 и планира до средината на февруари да имунизира 50 милиони луѓе, а Русија вакцинирала 2,2 милиони свои жители со „Спутник V“, пренесуваат во средата агенциите.
Кина до 9-ти февруари потрошила 40,52 дози од вакцините против коронавирусот за клучните групи лица, изјави во средата Ми Фенг, портпарол на Националната комисија за здравство.
Кинескиот државен весник на англиски јазик The Global Times објави во јануари дека целата на кинеските власти е да вакцинираат 50 милиони луѓе пред почетокот на лунарната нова година, кон средината на февруари.
Руските агенции во средата пренесоа дека здравтвените власти вакцинирале досега 2,2 милиони жители со вакцината „Спутник V, а од нив 1,7 милиони ги примиле двете дози. Според владата уште 4 милиони дози од вакцината се испорачани од почетокот на седмицата ширум земјата а од почетокот на кампањата на граѓаните им биле достапни 7 милиони дози.
Русија се надева дека околу 70 отсто од својата популација ќе биде имунизирана на короанвиорусот до редината на летото, изјавил Денис Логунов, заменик директор на научно-истражувачкиот оддел на московскиот Институт Гамалеја, каде беше развиена оваа вакцина.