Кинеските власти преземаат итни мерки за да доведат повеќе вода во сливот на реката Јангце погодена од сушата, распоредувајќи средства за помош, „сеејќи“ облаци и со развивање нови извори за снабдување, додека рекордно силниот топлотен бран ги оштетува посевите и ја погаѓа стоката.
Министерството за водни ресурси извести во средата дека сушата во целиот слив на реката Јангце „неповолно влијае врз безбедноста на водата за пиење за руралното население и стоката, како и на растот на посевите“.
Министерството ги повика регионалните власти да направат точни процени на ситуацијата во областите погодени од сушата и да осмислат планови за одржување на резервите од вода, вклучувајќи привремен пренос на водата, развој на нови извори и проширување на мрежите на цевководи.
За да се поттикне низводното снабдување на најголемата кинеска хидроцентрала Три клисури, исто така, ќе го зголеми испуштањето на водата за 500 милиони кубни метри во следните десет дена.
Дел од стоката од областите погодени од сушата привремено е преселен во другите региони, соопшти претходно седмицава министерството за финансии.
Во средата покраина Хубеи во централна Кина во средата беше последната којашто ја претстави обемната програма за влијание врз временските услови, со распоредување на авиони кои ќе истрелуваат прачки од сребрен јодид во облаците за да предизвикаа дожд. Некои региони околу Јангце, исто така, ги започнаа програмите за „сеење облаци“.
Топлотниот бран во Кина сега трае 64 денови, што го прави најдолгиот од почетокот на целосните мерења во 1961 година, објавија во средата државните медиуми повикувајќи се на податоците од Националниот климатски центар.
Бројот на метеоролошките станици кои ги бележат температурите од минимално 40 Целзиусови степени достигнал во средата на 262, што е воедно и најголемиот број. Осум од нив забележале температура од 44 Целзиусови степени.
Постојано високите температури ќе продолжат и во Сечуанскиот басен и во големи делови од централна Кина до 26-ти август, прогнозира кинеската метеоролошка служба.
„Посебниот случај на висок притисок од суптропската област на западен Пацифик веројатно е причина за екстремните горештини“, вели Цаи Венџу, од австралискиот национален институт за научно истражувања на климата CSIRO.