Киселиот ѓумбир е традиционален кинески додаток на суши и сашими, а мошне е лесно да го подготвите дома. Кога е тенко исечен, киселиот ѓумбир може да биде совршен додаток и за ориентални салати.
Состојки:
- 450 грама излупен свеж корен од ѓумбир
- 1 супена лажица сол
- 200 грама кафеав шеќер
- 200 грама вински оцет
- 2 ѕвездички анасон (доколку сакате)
Подготовка:
Исечете го ѓумбирот на тенки ленти со помош на ноже за лупење овошје или со ренде. Ставете го ѓумбирот во сад, наросете сол и оставете да отстои околу 1 час, а потоа исплакнете го со ладна вода и исушете го со помош на кујнска хартија.
Ставете го шеќерот, оцетот и 100 мл вода во тенџере. Полека загрејте ја смесата и мешајте додека да се растопи шеќерот. Оставете да проврие 2-3 минути, а потоа тргнете го од оган и оставете малку да се олади.
Ставете го ѓумбирот во топли, стерилизирани тегли. Ставете по една ѕвездичка анасон во секоја тегла (по желба) и дополнете ги теглите со подготвениот оцет. Запечатете ги теглите, оставете да се оладат, а потоа ставете ги во фрижидер.
Со текот на времето, киселиот ѓумбир ќе стане црвен.
За лековитите дејства на ѓумбирот, повеќе на следниот линк.