Извозот на Кина пораснал во октомври значително повеќе отколку што се очекуваше, особено во САД, кои се нејзиниот најголем извозен пазар, што е последица од зголемените порачки од Соединетите држави во пресрет на можните нови увозни царини од страна на Вашингтон.
Растот на увозот на кинеските стоки на американскиот пазар, исто така, оди во спротивност и со процените за забавувањето, што упатува на тоа дека мерките за поттикнување на растот на економијата, коишто Пекинг ги воведе за да ги ублажи последиците од трговската конфронтација со САД, постепено започнуваат да дејствуваат.
Кинескиот извоз во октомври пораснал за 15,6 отто во однос на истиот месец минатата 2017 година, покажаа официјалните резултати презентирани во четвртокот. Тоа е побрзо во однос на растот во септемри годинава од 14,5 отсто. Растот на увозот во октомври забразал, пак, на 21,4 отсто, од 14,3 проценти регистрирани во септември.
Оптимистичките трговски податоци од Кина претставуваат добра вест, како за оние коишто се загрижени за можно слабеење на глобалната побарувачка, така и за кинеските политичари, имајќи предвид дека втората според обемот светска економија во третиот годинешен квартал забележа најслам раст од глобалната финансиска криза во 2008 година. Октомври беше првиот полн месец откако најновите американски царини за кинеските производи стапија на сила на 24-ти септември. Меѓутоа, аналитичарите и натаму предупредуваат на ризиците од силен пад на побарувачката на кинески стоки во САД на почетокот од следната 2019 година, и исчекуваат дали претседателите Доналд Трамп и Кси Џинпинг ќе постигнат некаков напредок по трговските прашања на нивната средба кон крајот на месецов.
„Силниот раст на извозот во октомври беше поттикнат од активностите на извозниците и увозниците во пресрет на можните нови царини. Очекуваме дека извозот ќе остане силен до крајот на годината, бидејќи компаниите стравуваат од неуспехота на средбата меѓу Трамп и Кси, што може да доведе до проширување на американските царини на поголем број кинески производи“, вели за Reuters економистката на ING, Ајрис Панг.
Вашингтон најави дека на преминот кон 2019 година ќе ги зголеми царините од 1`0 на 25 отсто, додека претседателот Трамп се заканува дека, доколку разговорите со кинескиот колега по должност Кси не бидат продуктивни, ќе ги активира царините за дополни 267 милијарди долар за кинескиот увоз.
Иако САД оваа година во неколку наврати воведоа царини на увозот на низа кинески производи, извозот на Кина се покажува изненадувачки отпорен, имајќи предвид дека компаниите ги забрзаа своите испораки во периодот пред стапувањето на сила на уште построгите мерки. Кинескиот извоз во САД пораснал во октомври за 13,2 отсто во однос на минатогодишниот октомври.
Меѓутоа, аналитичарите тврдат дека робусните извозни прогнози нема да траат уште долго, укажувајќи на тоа дека последните месеци во кинеските фабрики опаѓаат извозните нарачки. Американските порачки на кинески стоки на последниот Кантон саем паднале за 30,3 отсто според вредноста во однос на минатата 2017 година, поттикнати од тоа што повисоките американски царини предизвикаа поскапувања на низа производи, од батерии до трактори.
Трамп ја обвинува Кина за кражба на интелектуалната сопственост, влезните бариери за американските компании и кинескиот постојано висок трговски суфиците со САД. Се чини дека неколкуте кругови преговори оваа година не доведоа до позначителен напредок, Во првите девет месеци од годинава конескиот суфиците со САД, изнесуваше 258,15 милијарди долари, што е значително повеќе од 222,98 милијарди долари во истиот период минатата година.