
Во пресрет на големиот национален празник Илинден, од паркот „Јане Сандански“ во Општина Аеродром денеска тргнува 44-от традиционален коњички марш до Крушево.
Стартот на маршот е во 17:30 часот, кога градоначалникот Тимчо Муцунски ќе им го предаде општинското знаме на коњаниците, кои преку црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче ќе го почнат својот долг пат до славното Крушево.
-Општина Аеродром како главен покровител на овој настан и најголем финансиски поддржувач, ќе продолжи да ја негува оваа традиција и во наредните години, која е од огромно значење за Аеродром и Република Македонија, информираат од Општината.