Силите на меѓународната коалиција предводена до Соединетите држави ја завршија својата борбена мисија во Ирак и сите преостанати трупи во оваа земја сега имаат советодавна или улога во обуката на ирачките безбедносни сили, изјавија во четвртокот командантите на ирачката војска и офицери на коалициските сили.
Западните дипломати и функционери задолжени за безбедноста неофицијално признаваат дека тоа речиси нема да влијае на бројот на војниците кои и натаму се распоредени во Ирак. Во моментов ги има малку повеќе од 2.000 и последните години овие сили многу ограничено учествуваа во некоја борбена операција.
Мисијата на САД и сојузниците во меѓународната мисија започна во 2014 година, со задача да ја поразат ултрарадикалната сунитска групација Исламска држава којашто, нејасно сѐ уште како толку добро вооружна и организрана, летото истата година со ненадејна офанзива освои големи територии во Ирак и соседна Сирија прогласувајќи го ткн „калифат“.
По поразот на Исламската држава кон крајот на 2017 година, откако во Сирија претходната година се вклучи Русија а во Ирак САД им даваа воздишна поддршка на ирачките сили и на проиранските шиитски доброволечки милиции, беше оценето дека џихадистите повече не можат да ја контролираат таа територија. Меѓутоа, сега групацијата води судири со низок интензитет и редовно врши смртоносни напади врз иранските безбедносни сили во зафрлените планински и пустински области, како и во автономната покраина Ирачки Курдистан.
„Откако штотуку завршува нашата борбена улога, тука остануваме да советуваме, да помагаем и да ги обучиме Иралките безбедносни сили (ISF) на повик на Република Ирак“, изјавио командантот на коалициските сили, генерал-мајорот Џон Бренан.
Ирачкиот командант Абдул Амир ал-Шамари изјави дека ирачките сили се подготвени да се пресметаат со заканата од Исламската држава.
„Денеска го обновуваме нашето партнерство со коалициските сили кои сега служат со нова улога – да советуваат, помагаат и да ги обучуваат нашите храбри воини““, изјави ал-Шамари.
Договорот за завршувањето на борбената мисија во Ирак до крајот на 2021 година го потпишаа во јули годинава американскиот претседател Џо Бајден и ирачкиот премиер Мустафа ал-Кадими.