Коце се провозе со електромобил

Градоначалникот Коце Трајановски,  на паркингот пред Грaдското собрание денеска се провозe со електромобил, со цел подигнување на свеста за користење  алтернативни возила на електричен погон и заштита на животната средина. Тој направи и неколку круга со електичен скутер, а по возењето најави дека во иднина планира возилата на јавната администрација да ги замени со вакви скутери, со кои за шест денари можат да се поминат дури 100 километри.

Konferencija za elektromobilnost (2) (3)

„Чувството кога се возиш во електомобилот е прекрасно, моторот е бесшумен, а и од економска гледна точка заштедата е голема. За 60 денари се поминува 50 километри“, истакна Трајановски.

За можностите околу спроведување на електромобилноста во метрополата, преку искуствени препораки од европски градови каде што застепеноста на електомобилите  и свеста  на граѓаните за зачувување на животната средина е на повисоко ново, денеска се дебатираше и во Градското собрание.

Скопје во 2010 година стана дел од проектот енергетски свесни градови, и во таа насока развојот на градот треба да го насочува преку подгнување на јавната свест за користење обновливи извори на енергија, водите и биолошкото богатство.

Трајановски на дебатата посочи дека во таа насока изработен е оддржлив енергетски план, според кој до 2020 година треа да се намалат емисиите на јаглерод диоксид за 20 отсто. За заштита на животната средина, тој ја спомена и набавката на новите 303 автобуси за јавното сообраќајно претпријатие, изградбата на Центарот за управување и контрола на сообраќајот , енергетски ефикасна сообраќајна структура, изнајмувањето на велосипеди, како и поголема промоција на електромобилноста во градот.

Градонаќалникот Трајановски во  скоро време најави и набавка  на електрични велосипеди кои ќе можат да се изнајмуваат.

Истражувањата на Градот околу воведување на електромобилите, покажуваат дека скопјани се отворени за нови проекти со цел зачувување на животната средина, но сметаат дека електромобилите се скапи, не развиваат големи брзни и не се многу безбедни. Анкетите укажуваат на тоа дека е потребна соодветна инфрастуктура за поставување на полначи, зони на паркирање и стандарди кои треба да се предвидуваат уште во фаза на урбано планирање.

Професорот на Машински факултет, Миле Димитровски смета дека се’ уште има голема потреба да се гради јавната свест за употреба на електомобилите, а во тоа треба да предничат „лични примери“ и институциите.

Градот преку ЈП „Градски паркинг“ веќе набави пет електро мобили за туристичко разгледување, кои наскоро треба да се стават во функција. За следната година се предвидува да се купат уште 10 такви. Половина час возење ќе чини 50 денари, а возилата ќе имаат обучен возач, кој во исто време ќе биде и туристички водич.

 Slika Koce