Некои од овие супстанци се легални, некои не, за некои од нив можеби никогаш не сте чуле, а чинат милиони долари.
Ова е списокот на најскапите супстанци на светот:
Шафран
Шафранот е најскапиот зачин во светот. Неговата цена е 11 долари за еден грам. Се продава во прав или како сушени влакна. Има единствен вкус и арома, како и исклучително лековити својства.
Злато
Златните легури се користат за изработка на накит, украси, ковани пари, во стомалогијата и слично. Еден грам злато вреди околу 56 долари. Поради своите исклучителни својства се користи и во индустријата, како и за изработка на вселенски летала, телескопи и друго.
Родиум
Оваа супстанца во многу мали количини е присутна во природата. Чини 58 долари за еден грам. Поради својата силина, издржливост, отпорност на корозија и други својства, има голема примена во индустријата.
Платина
Платината има единствени физички и хемиски својства поради која што е незаменлива во индустријата. Се смета за еден од најфините метали за изработка на накит. Над 20 отсто од сите комерцијални предмети содржат платина или се произведени со нејзина помош. Цената на овој метал е 60 долари за грам.
Метамфетамин
Оваа силна синтетичка дрога чини и до 100 долари за грам. Предизвикува долготраен ефект на еуфорија кај корисниците.
Рог од носорог
Од многу одамна рогот од носорог се користи во традиционалната кинеска медицина како еликсир за лечење на треска и болести на црниот дроб. Со забраната за трговија со рог од носорог и сузбивање на лов на носорози, драстично е намалена понудата и побарувачката на оваа супстанца.
ЛСД
Полусинтетичка дрога, која чини и до 3.000 долари за еден грам, за прв пат почнала да се користи во 70-тите години од минатиот век.
Плутониум
Станува збор за радиоактивен метал од групата актиноиди. Поради високиот степен на радиоактивност е смртоносен дури и во најмали количини. Поопасен е од ураниумот. Неговата цена е и од 4.000 долари за еден грам.
Тафеите
Овој скапоцен камен може да биде виолетов или црвен. За прв пат е откриен во 1945 година, а достигнува цена од 20.000 долари за еден грам.
Тритиум
Станува збор за радиоактивен облик на хидроген кој што се користи за научни истражувања, фузиски реактори и генератори на неутрон. Неговата цена е 30.000 долари за еден грам.
Дијамант
Дијамантот е вид карбон. Познат е по своите супериорни физички својства поради силната ковалентна врска на атомите. Во индустријата научниците го користат како алатка за сечење и брусење. Неговата цена е 55.000 долари за еден грам.
Калифорниум 252
Радиоизотоп 252 Cf е интензивен емитер на неутрони кои што се користат во комерцијални цели како доверлив и евтин извор на неутрони за анализа на јаглен, цемент, минерали, детекција на експлизиви и мини, како и во низа нуклеарни истражувања. Тој достигнува цена од 27 милиони долари за еден грам.
Антиматерија
Во физиката на честичките, антиматеријата е материјал кој што се состои од античестички, кои што имаат иста маса како честичките на обичните материи, но имаат спротивен набој. Со спојување на честичките и античестичките доаѓа до меѓусебно поништување, со ослободување на газа зраци и енергија. Нејзината вредност е 6,25 илјади милијарди долари за еден грам.