Кои се симптомите за „самоубиствената“ главоболка

Ваквиот вид главоболка, кој е познат како „самоубиствена“, е  склучителна редок, од него пати во просек помалку од едно лице на илјада, а медицинскиот директор на британската компанија „ Healthspan“, Сара Бруер, за весникот The Daily Express, неодамна зборуваше за симтомите за калстерните главоболки.

Таканаречените кластерски главоболки се невролошко нарушување се изразена повторлива низа напади на болка на една страна од главата, обично околу окото. Често има придружно наводнување на очите, назална конгестија или оток околу окото од погодената страна. Овие симптоми обично траат од 15 минути до 3 часа, односно во ограничен временски период кој може да трае од неколку седмици до неколку месеци и проследено со долготрајна ремисија. Интензитетот на болката е толку голема што може да доведе до обиди за самоубиство за ослободување од несносливата болна состојба.

„Кластерските главоболки се еден од најтешките видови на болка којашто може да ја доживее една личност. Затоа ја нарекуваат самоубиствена“, вели Бруер.

Истакнува дека болката вообичаено зафаќа една страна, но дека може да се префрли и на другата страна на лицето.

„Едното око станува замаглено и насолзено, а носната шуплина од истата страна е обично затната и може да се почувствува потење или црвенило на лицето и отекување на очниот капак“, појаснува докторката.

Главната разлика меѓу кластерските главоболки и другите видови главоболка е времетраењето. Првите вообичаено имаат епизоден карактер.

„Болката трае до три часа и се јавува редовно, обично во ист период од денот и често во раните утрински часови будејќи ве од сон. Тоа може да се јавува меѓу една и три седмици пред да исчезне“, вели Бруер.

Кај повеќето лица кластерските главоболки се јавуваат двапати годишно. Бруер забележува дека стручњаците не знаат што точно го предизвикува ова нарушување, и оти засега се смета дека веројатно тоа е поврзано со прекумерна активност на дел од мозокот.