Фудбалерите на Арсенал, Месут Озил и Сеад Колашинац, кои се соочија со наппад со нож од страна на непознато лице, се наоѓаат во првиот тим и тренираат нормално.
Кај играчите не можеле да се забележат последици од нападот, но од Арсенал истакнале дека се подготвени да им дадат помош и на располагање во наредниот период да имаат психолог.
Двете ѕвезди на „топџиите“ беа нападнати со нож од непознато лице, пред да влезат во автомобилот на Озил. Колашинац го одбрани клупскиот колега со голи раце, но драмата не застанала тука, затоа што безбедносните камери покажале дека напаѓачите ги гонеле со автомобил во наредните два километри.
Колашинац и Озил успеале да се спасат откако застанале непосредно до турски ресторан каде се чести гости, па вработените и газдите успеале да ги исплашат напаѓачите. Полицијата најави дека ќе го расветли случајот наскоро.
Колашинац уште синоќа испрати една симболична порака на социјалните мрежи која подоцна ја избриша, но сега постави една фотографија со која долови дека тој и Месут се навистина добро по вчерашната непријатна ситуација.
„Мислам дека сме добро. Ви благодарам за пораките“, порача Сеад.