Колинда Грабар Китаровиќ нема ништо против чоколадо да биде наречено „Чоколинда“

Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ потврди дека не и пречи Подравка да  нарекува еден нов производ „Чоколинда“.

Кандидатот на ХДЗ во претседателската кампања откри дека таа на менаџерите на Подравка им дала согласност да го нарекуваат производот „Чоколинда“.

„Сигурна сум дека овој производ би се продавал добро и на домашниот и на странскиот пазар. Тие можат да ме насмеат колку што сакаат, но важно е да растат државата и економијата“, потенцираше хрватската претседателка.

Кованицата „Чоколинда“ е создадена по „бурата“ за време на делењето подароци за деца во Дубровник во декември 2016 година. Имено, во пакетот беше вклучено чоколадо на српската компанија Пионир, така што Колинда Грабар Китаровиќ им се извини на децата и на јавноста за тоа. Ова, пак, предизвика лавина негативни коментари низ целиот регион, а мини-аферата со чоколадото „Мони“ ја објавија и странските медиуми. Аферата веднаш беше наречена – Чоколинда.