
Комесарката на Обединетите нации за човекови права, поранешната чилеанска претседателка Мишел Башeле, чијашто ретка посета на Кина ја критикуваат западните држави и меѓународни активистички организации, изјави дека го повикала Пекинг да ги разгледа своите противтерористички мерки за да бидат во согласност со меѓународните стандарди.
Башeле повтори дека нејзиното шестдневно патување во најнаселената земја на планетата, кое заврши во саботата вклучувало и посетата на западната покраина Ксиџијанг (Ујгурија), не било истражување за кинеските политики, туку можност за ангажман со кинеската влада.
Чилеанката својата на Кина, првата на некој комесар за човекови права на ОН во последните 17 години, започна во понеделникот во јужниот Гуангжу.
Нејзиниот кабинет минатата година објави дека „верува дека“ со малцинските Ујгури во Ксинџијанг незаконски се притвора, злоставува и се присилува на работа.
Башале објави дека го отворила прашањето за примената на „мерките за противтероризам и дерадикализација“ и влијанието коешто тие ги имаат врз Ујгурите и другите главно муслимански заедници.
Кина со години негира дека ги крши правата на Ујгурите во Ксинџијанг, и посочува дека казнената политика е насочена на извршителите на терористичките напади и оние кои се поврзани со меѓународните терористички и екстремни исламистички организации.
Комесарката во текот на својата конференција за медиумите во саботата изрази загриженост и поради „длабоко загрижувачките“ притворања на активисти, адвокати и новинари во Хонгконг.