Направете вкусна салата со туна. Идеален оброк за вас и вашето семејство, особено ако практикувате во петок да имате посна трпеза.
Состојки:
500 грама компир
2 поголеми конзерви туна
2 главици црвен кромид
100 грама варена пченка
100 грама шери домати
½ лажичка сол
магданос
Подготовка:
- Сварете го компирот со лушпа, а потоа исчистете го, исечкајте го на коцкички и посолете го.
- Во чинија ставете ја туната, кромидот исечете го на тенки резенки, шери доматот на четвртинки, а магдоносот ситно. Внимателно измешајте ги сите состојки и оставете да се олади пред послужување.