Конечно, Кичево доби ковид-центар, финансиран од Германија и чини 41.000 евра

94

По 9-месечната битка со Ковид-19, со големи потешкотии, без услови и простории за третирање на заразените пациенти, денеска во Кичево се отвори модуларна болница со капацитет од 15 легла.

Болницата, чија изградба е финансирана од Германија, чини 41.000 евра.

Германската амбасадорка во нашата земја, рече дека главната цел на Германија е справувањето со пандемијата и последиците од неа. Додаде дека Балкан може да смета на помош од Германија.

Директорот на болницата, Станко Трпески, рече дека во моментов има 24 кревети за заразени пациенти, но дека благодарејќи на инвестиција од Германија, капацитет ќе биде проширен.

По новогодишните празници, како што рече директорот Трпески, ќе се отвори уште еден ковид-центар во Кичево, кој ќе биде финансиран од Министерството за здравство и општината, а ќе располага со легла за 40 пациенти.

Фото: ТВ 21

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.