Северна Македонија и Албанија што поскоро треба да се приклучат во ЕУ, изјави италијанскиот премиер Џузепе Конте на денешната средба во Софија со претседателот на бугарската Влада, Бојко Борисов.
Конте ја поздрави улогата и поддршката од Бугарија на процесот на проширување на ЕУ и за отворање на пристапните преговори со Скопје и Тирана.
Бугарскиот премиер Борисов посочи дека Бугарија и Северна Македонија годинава заеднички ќе копретседаваат со Берлинскиот процес.
– Тоа е исклучително важен знак, а оценките што ги добива Бугарија за нејзината улога во регионот е многу јасна и позитивна, рече Борисов.
Италијанскиот премиер Џузепе Конте престојува во Бугарија по повод 140 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји.