Премиерот на Италија Џузепе Конте денеска изјави дека мерките за спречување на епидемијата на коронавирус во Италија наскоро ќе дадат резултати, истовремено фалејќи ја работата на здравствената служба во земјата.
– Убеден сум дека ќе имаме ефект во наредните денови, истакна Конте пред новинарите, додавајќи дека здравствената служба на Италија е меѓу најригорозните и најефикасните во светот.
Тој потенцираше и дека Италија е безбедна земја за туризам и покрај избувнувањето на епидемијата.
– Италија е безбедна земја за патувања и туризам, можеби побезбедна од многу други, рече Конте.
Во Италија досега се пријавени повеќе од 280 пациенти со коронавирус и седум смртни случаи.