![kurc zeleni](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/01/kurc-zeleni.jpg?resize=696%2C522&ssl=1)
Австриските конзервативци предводени од Себастијан Курц и партијата Зелени постигнаа во средата вечерта коалициски договор, што значи негово враќање на канцеларската должност, и првпат во историјата влегување на Зелените во владата на Австрија.
Договорот во кусата изјава за новинарите го потврдија челникот на Народната партија (OeVP) и поранешен премиер Себастијан Курц, и лидерот на Зелените, Вернер Коглер.
Двете политички сили од 11-ти ноември 2019 година преговараат за создавање коалициска влада. Десничарската Австриска партија на слободата (FPOe) поради големиот губиток на мандати по минатогодишната афера со нејзиниот челник што беше причина да ја растури коалицијата со Курц, реши да замине во опозиција. Социјалдемократската партија на Австрија (SDPOe), како и партијата Нова Австрија, Курц воопшто не ги третираше како потенцијални партнери, поради финдаменталните разлики во ставовите, во прв ред во миграциските политики.
„Задоволство ми е да известам дека успеавме да дојдеме до резилтат. Утре претпладне ќе можеме да ви ја претставиме програмата на нашата влада“, рече Курц на прес-коференцијата по формалното завршувње на преговорите со Зелените. Како што додаде нивниот челник Коглер, и двете политички сили на изборите добиле мандат да ја преземат врз себе одговорноста за иднината на Австрија.
На предвремените парламентарни избори на 29-ти септември победи Народната партија на Курц со освоени повеќе мандати отколку што ѝ предвидуваа анкетите, а Зелените добија значителн број пратеници.
Коглер притоа истакна дека Австрија ќе стане европски лидер во сферата на заштитата од климатските промени. Ова е првпат во коалициска влада на Австрија да учествуваат и Зелените. Така, Австрија која е земја од централна Европа со 8,9 милиони жители, покрај Шведска, Финска, Литванија и Луксембург ќе биде една од земјите во ЕУ кои во владата ќе има еколози.
Преговорите кои траеја повеќе од еден месец, беа насочени на буџетот, даноците, имиграцијата, климата и политичката транспарентност.