![adamantios nimic naumovski](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/01/adamantios-nimic-naumovski.jpg?resize=621%2C349&ssl=1)
Координацијата за предложената рамка на медијаторот на Обединетите нации во спорот за името, амабсадоот Метју Нимиц, ќе се одржи во сабота попладне во Клубот на пратеници.
На средбата која е иницирана од Министерството за внатрешни работи, од каде што потврдиле за МИА, ќе присуствуваат претседателот Ѓорѓе Иванов и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски.
„Министерството за надворешни работи е иницијатор за одржување на координативен состанок, со цел да се информираат релевантните политички фактори во Република Македонија за предлогот на амбасадорот Метју Нимиц, кој произлезе од последната средба со македонскиот и грчкиот преговарач во Њујорк. Претседателот Иванов, како што претходно брифиравме, е подготвен да присуствува на ваква средба“, изјавиле за МИА од кабинетот на шефот на државата.
Портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски, претходно во средата на прес-конференција најави дека наскоро ќе се одржи средба за рамката на Нимиц, на којшто ќе бидат присутни повеќе политички лидери. Посочи и дека Владата веќе го започна процесот на анализа и на координација околу најновата рамка на медијаторот и очекува да биде изграден широк национален консензус.