Се огласи европската куќа на фудбалот УЕФА по информацијата дека фудбалер на Реал Мадрид е позитивен на ковид 19. Корона нема да ја прекине Лигата на шампионите велат од УЕФА.
Во судирот на гигантите во осминафиналето од Лигата на шампионите Манчестер Сити во Мадрид го победи Реал со 2-1 и сега следната недела треба да се одигра реваншот во Манчестер.
УЕФА порачува дека осминафиналниот меч од Лигата на шампионите меѓу Реал М и Манчестер С. без разлика на тоа што во редовите на кралскиот клуб има позитивен на корона ќе се одигра следната недела.
Реал вчера потврди дека фудбалерот Маријано Диjаз е позитивен на корона.
„УЕФА е во постојан контакт со Реал, ја следиме ситуацијата на двете страни како и одлуката на надлежните органи во Шпанија. Уверени сме дека тој случај нема да влијае на регуларноста на средбата и нема да го доведе во прашање одигрувањето на натпреварот“, е наведено во соопштението од УЕФА.