Коронавирусот влезе во студентските домови во Белград, заразени 20 студенти

Коронавирусот влезе во студентски домови во Белград, а како што дознава српски Телеграф, се разболеле околу 20 студенти и нивните контакти од студентскиот дом во Карабурма.

Епидемиологот од Институтот за здравствена заштита на студентите во Белград, познатата Студентска поликлиника, д-р Мила Пауниќ изјави дека ниту еден од нив нема тешка клиничка слика, како и дека ситуацијата е под контрола.

– Сето ова е целосно очекувано. Сите се добри. Никој нема тешка клиничка слика – рече д-р Пауниќ за Телеграф.

Според неа, сите студенти кои биле заразени со корона биле сместени во изолација со помош на Студентски центар Белград.
– Студентскиот центар најде простор за изолација. На колегите од Градскиот институт за јавно здравје во Белград многу ни помогнаа. Станува збор за дваесет студенти и нивни контакти, кои се во изолација – рече таа и додаде дека сите институции во рамките на Студентскиот центар спроведуваат многу ригорозни превентивни мерки:

– Домовите се, на крајот на краиштата, густо населени колективи. Младите интензивно се дружат, студентските соби се мали, и секогаш постои закана дека инфекцијата ќе се шири. Ние даваме се од себе да не дозволиме да се случи тоа.