Коронавирусот во двете Америки се шири побрзо од кога и да е

Коронавирусот поради омикрон варијантата се шири во Северна и во Јужна Америка побрзо од кога и да е од почетокот на пандемијата на почетокот од 2020 година, па бројката на новите зарази минатата седмица се удвоил, на вкупно 6,1 милиони, објави Панамериканската здравствена организација (PAHO) во средата.

Омикрон сојот е регистриран во сите држави во Северна и во Јужна Америка, и се очекува дека брзо ќе стане доминантна варијанта во регионот, објави споменатата здравствена организација чиишто членки се речиси сите држави од двата континента.

Најмногу нови случаи во САД каде што е најголемиот раст имаат сојузните држави на Истокот и на Средниот запад. Боливија, Еквадор, Перу и Бразил, исто така, имаат значителен раст на бројките на новозаразените, а во Аргентина и во Парагвај во текот на минатата седмица тој се зголемил речиси за 300 отсто, соопштија од PAHO.

„Една од карактерситиките коишто го разликуваат омикрон од другите варијанти е дека има поблаги симптоми. Наспроти тоа, заразата со омикрон моќе да биде смртоносна, особено за оние кои се со послаб имунитет и за невакцинираните“, изјави директорката на PAHO, Кариса Етјен.

Во Латинска Америка и во карипските земји вакцинирани се речиси 60 отсто од жителите. Чиле, Куба и Аргентина ги имаат меѓу највисоките проценти на вакцинираните на светот, рече Етјан.