Косовар уапсен во Германија поради финансирање на ИД, вмешан и македонски државјанин

Лице со потекло од Косово е уапсено во Германија на барање на сојузното бвинителство, поради сомневање дека ја поддржувал џихадистичката терористичка организација Исламска држава (ИД), соопшти во средата германскот министерство за внатрешни работи, кое додава дека му биле префлани пари и на државјанина на Македонија.

Апсењето го спровеле припадници на безбедносните агенции на федералната земја Шлезвиг-Холштајн, кои притоа извршиле претрес на станот и на работното место на осомничениот. Покрај тоа, во федералните земји Баварија и Северна Рајна-Вестфалија биле извршени претреси, соопшти канцеларијата на германскиот сојузен обвинител.

Уапсениот се сомничи за поддршка на Исламската држава по 15 точки, како и за кршење на законот за извоз. Тој во периодот од 2016 до 2017 година направил 11 парични дознаки, а парите биле насочени во Сирија на сметки кои ги користеле милитантите на споменатата терористичка групација. Косоварот ги добивал овие пари од трети лица, но во истрагата е откриено и дека на џихадистите им префрлал и сопствени средства.

Упасениот косовар во Германија во текот на 2015 година, исто така, трипати му префрлил средства на државјанин на Македонија, кој сакал да ѝ се приклучи на Исламската држава. Вкупната сума пари кои ги префрлил осомничениот изнесувала околу 15 илјади евра.

Покрај тоа, осомничениот во 2015 година направил профил на социјалната мрежа Facebook, којшто го користел милитант на Исламската држава и помагал во ширењето на информации за терористите, кои биле објавувани на таа стрераница. Уапсениот утре ќе биде изведен пред судија, кој ќе одлучува дали ќе биде задржан во притвор.