![Авдулах Хоти](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/07/Avdulah-Hoti.jpg?resize=696%2C370&ssl=1)
Утре со почеток во 14:00 часот започнува официјалната посета на делегацијата на Република Косово предводена од премиерот Авдулах Хоти на Република Македонија.
Од владината прес-служба информираат дека премиерите Заев и Хоти ќе имаат тет-а-тет средба и официјална средба заедно со делегациите на двете земји, после што ќе следува заедничка прес-конференција, која ќе се одржи во Медија центар со почеток во 15:00 часот.