Аналитичарот Сотир Костов во неговото гостување на „Само вистина“ на Канал 5 телевизија истакна дека лидерска средба за Гоце Делчев и заканите од Бугарија, е повеќе од потребна и премиерот Заев требаше да го прифати предлогот на лидерот на опозицијата Мицкоски, бидејќи предлогот на опозицискиот лидер е државнички.
„Се работи за највисоки прашања од државен и национален интерес. Кога на таа лидерска средба со трезвени и ладни глави, која ќе ја води претседателот, ќе кажат дека се согласни дека за јазикот македонски, државата Македонија, народот и нацијата македонски, не треба да се дозволи друг да не уценува и да ни се меша во внатрешните работи“, истакна Костов.
Нагласи дека Заев многу згреши што безобразно одговори за лидерската средба која ја побара Мицкоски и додава дека ќе се кае за многу брз поради тоа.
„Политика државна така не се води. Суетата и инаетот се тргаат настрана. Ногу е рационален и државнички предлогот на Мицкоски. Нефер е што не се одржа таква средба иако сметам дека ќе ја има кога ќе и згусни на власта“, вели Костов.
Во однос на протестите кои ги прави опозицијата Костов порача дека во Македонија правдата и гонењето на кривични дела се селективни.
„Каде се кривичните пријави од 2017 за локалните избори, каде се кривичните пријави за референдумот, каде се кривичните пријави за претседателските избори и каде се кривичните од парламентарните? Не се работат. Обвинителството прави специјално тело за избори, пријавено од граѓански организации, пријавено од опозицијата и не се работи. Кога ќе им дојде густо ќе активираат. Или од опозицијата ќе притворат или човекот кој не е овде, а 5 години не е на власт ќе го актуелизираат. Тоа е селектирано гонење на кривични дела“, изјави Костов.