Иво Котевски, директорот на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ нагласува дека рекетарската афера трае веќе цела недела.
-Аферата трае со недели и тоа откако е приведен Боки 13 како прво осомничен и неговиот соработник како второ осомничен. Ова што гледаме е катастрофа и брука и Македонија е распната на столбот на срамот, оценува Котевски за Пинк.
Тој вели дека институциите се злоупотребени, а СЈО служи за рекет и за политички притисок против сите оние кои што мислат различно од владејачката структура во Македонија.
-Денеска „Ла Верита“ објави трето видео во кое јасно се слуша дека Заев лаже и дека е упатен во случајот на рекетирање на бизнисмени во Македонија. На снимката се слуша како Боки 13 додека зборува со соговорникот му вели дека Заев е добро запознаен со целиот план и е во тек со него. Денешната снимка докажува дека Катица Јанева лажеше кога зборуваше дека имала пракса да комуницира со оптужените во нејзините случаи и дека тоа било службена комуникација, денеска слушнавме дека таа е дел од планот за рекетирање и земање на милиони евра од бизнисмени кои се опфатени во нејзините случаи, вели Котевски.
Целото видео можете да го погледнете во продолжение: