Во мојот мандат нема да издаваме одобренија за градба за згради на Водно, за зелен и чист Центар, ветува кандидатот за градоначалник на општина Центар, Наташа Котлар
-Почитувани,
Скопје е најзагаден град во Европа.
Затоа, ветувам дрворед на секоја улица и зелени оази наместо бетон, погледнете како сега изгледа тоа.
Ќе ги лоцираме загадувачите и низ акционен план ќе ги елиминираме. Ќе водиме бескомпромисна казнена политика за загадувачите.
Ќе има Ден без автомобили што е светска практика. Отпадот ќе се депонира и селектира со современи технологии.
Ќе поставиме автоматизирани јавни тоалети. Редовно ќе го пошумуваме Водно.
Во мојот мандат нема да издаваме одобренија за градба за згради на Водно, за зелен и чист Центар. За Центар со душа, вели Котлар.