Ковачки: Двојна победа! ВМРО-ДПМНЕ го победи СДСМ, a БЕСА го победи ДУИ во Тетово

ВМРО-ДПМНЕ води 2:1 пред СДСМ. БЕСА убедливо води пред ДУИ, ова преку статус на Фејсбук во саботата вечерта го истакна Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

-Криминалната коалиција СДСМ – ДУИ убедливо е поразена во Тетово.

Тетовчани им кажаа НЕ на криминалците од власта. Власта е делигитимирана во Тетово.

Ковачевски и Ахмети немаат легитимитет понатаму да продолжат да ја водат владата.

Ковачевски и Ахмети делегитимирани сте. Оставка од Ковачевски веднаш! Предвремени парламентарни избори час поскоро.

Резултатите од Тетово ќе се пресликаат и во цела Република Македонија, стои во неговиот пост на Фејсбук.