Ковчегот на Елизабета Втора е изработен од олово пред 30 години

Ковчегот со посмртните останки на британската кралица Елизабета Втора кој ќе биде изложен во Лондон до погребот во понеделник, изработен е од олово пред повеќе од три децении, дознава The Times.

Ковчегот ќе биде положен на одарот, катафалк, во Вестминстер Хол, најстарата сала во со векови стариот британски парламент. Ковчегот е изработен пред 32 години од англиски даб, што последните години е реткост бидејќи денес дрвените ковчези најчесто се изработуваат од американски даб, пишува весникот.

Обложен е од олово, што е кралска традиција за телото да се сочува што е подолго можно по погребувањето во криптата, во овој случај во капелата на свети Георги во Виндзор, западно од Лондон. Оловото ги спречува продирањето на влагата во ковчегот, но го прави уште потежок, па за носењето на ковчегот со кралицата ќе бидат ангажирани осум носачи.

Во ист ковчег е положен и покојниот сопруг на кралицата, принцот Филип, кој почина минатата 2021 година и погребен е во истата капела во која ќе биде и Елизабета Втора.

Од фирмата „Leverton & Sons“, погребниците на кралското семејство, за The Times изјавиле дека ковчегот го добиле готов, а го изработила специјализираната компанија „Henry Smith“, којашто е основана во 1869 година, а затворена била во 2005 година.

„Направен е од англиски даб до кој денес тешко се доаѓа“, вели шефот на споменатата погребна фирма Ендрју Левертон.

Ковчегот е специјално дизајниран за на него да може безбедно да се изложат драгоцените реликвии: Кралската државна круна, жезолот и топката со крстот позната како „кралското јаболко“.

Рачките се дизајниран така да одговараат на „кралскиот ковчег“, а ги изработила компанија од Бирмингем. „Тоа не е нешто што може да го направите за еден ден“, рекол Левертон.