Ковчегот со посмртните останки на британската кралица Елизабета Втора во понеделникот доцна попладнето е положен во кралската крипта во дворецот Виндзор, нејзиното последно почивалиште, по грандиозното испраќање на кое присуствуваа светски челници и припадници на кралски семејства, а маса луѓе излегоа на улиците на Лондон да ѝ оддадат почест на најдолговечниот британски монарх.
Околу 800 лица присуствувале на обредот пред нејзиниот погреб во капелата на свети Георги во Виндзор. Обредот заврши со отстранувањето на Кралската државна круна, жезолот и топката со крстот позната како „кралското јаболко“, симболите на моќта на британските монарси, од ковчегот по што се положени на олтарот.
Подоцна вечерта, кралицата Елизабета Втора и нејзиниот сопруг принцот Филип кој почина минатата година, ќе бидат погребани во истата капела на кралот Џорџ Шести, во којшто се погребани нејзините родители и нејзината сестра принцезата Маргарета.
На обредот, според најавите околу 20,30 часот по средноевропско време, ќе присуствува само членовите на потесното семејство.
Државниот погреб на Елизабета Втора се одржа во Вестминстерската опатија во кој е крунисана во 1953 година, а во која се омажила за Филип Моунтбатен во 1947 година.