Ковид пасоши: Враќање во нормала или проблем во настанување?

Владите ширум светот сѐ повеќе ја разгледуваат потенцијалната улога на ткн „ковид пасошот“ коишто би ги добивале вакцинираните против коронавирусот, кога зборуваат за повторно отворање на своите економии, така што да може да бидат идентификувани луѓето кои се вакцинирани, пишува во четвртокот Reuters.

Меѓутоа, оние кои развиваат вакви технологии, предупредуваат дека алатките како што е електронскиот ковид пасош имаат и свои последици, како исклучувањето на цели групи луѓе од општествени случувања, и ги повикуваат претставниците во парламентите сериозно да размислат за тоа како ќе ги користат резултатите од работата на програмерите и развојните инженери.

За овие електрински ковид-пасоши, особено се заинтересирани туристичката и индустријата на забави.

„Мораме да настојуваме да се вратиме во нормалата. Журката не е журка, фестивалот не е фестивал доколку не застанете рамо до рамо со своите пријатели“, смета Саша Лорд, коосновач на музичкиот фестивал Парклајф. Истакнува дека концерт или настан на кој мора да се спроведуваат мерки на физичко растојание едноставно не е се финансиски одржливи.

Меѓутоа, Лорд смета дека пасошите за оние кои се вакцинирани би требало да бидат избор, а не принуда, како и дека оние коишто ги одбиваат треба да ја имаат можноста при посетувањето на општествени настани, како концертите, може на влезот да направат брз тест на коронавирусот.

Меѓу оние коишто развиваат „ковид пасоши“ се биометриската компанија „iProof“ и компанијата за кибернетичка безбедност „Mvine“, а овие компании добија и парична помош од британската влада. Сега овие пропусници ги тестира британската Национална служба за јавно здравство (NHS).

Основачот и извршен директор на „iProof“, Ендрју Бад, смета дека таквите пропусници или пасоши, би морале да содржат само две информации: фотографија на лицето и потврда дека лицето од фотографијата е вакцинирано на коронавирусот.

„Единственото што е потребно да се поврзе лицето со статусот за вакцинирање, идентитот на лице не мора да се знае“, вели Бад.

Во САД, додава Бад, веќе постојат такви пропусници кои ги издаваат приватните здравствени осигурувања за посетителите на спортските или другите настани.

„Мислам дека потврдите за вакцинирањето наметнуваат важни општествени и политички прашања. Нашата работа е да се овозможи технолошка база за изработка на ковид пасош или потврда (…), не е наше да судиме дали тое е добра или лоша идеја“, вели Бад.

Предупредува, меѓутоа, дека би можело да дојде до дискриминација, привилегии за одредени групи и исклучување на младите кои се последните во редот за вакцинирањето. Се надева дека британскта владата сето тоа го зема предвид и дека внимателно и претпазливо ќе размислува за сите последиците на својата идна одлука за ова прашање.