Крајната десница втора на француските регионални избори, според излезните анкети

Француската партија од крајната десници Национален собир во првиот круг од француските регионални избори одржани во неделата во услови на многу низок одѕив на избирачите оствари послаб резултат од очекуваното, покажуваат првичните проекции на изборните резултати на мејнстрим медиумите.

Партијата предводена од Марин Лепен во неделата освоила 19,3 отсто од гласовите според проекциите на медиумската куќа Franceinfo, и се наоѓа на второто место зад конзервативците за кои се предвидува дека ќе освојат 27,2 отсто од гласовите.

Според инстиtутот Elabe, конзерваитвците од Републиканци имаат водство од 29,3 отсто, додека другата десничарска партија Национален собир освоила 19,1 отсто. Левите партии, застапени со кандидати на Социјалистичката партија, коминистите и зелените освоиле вкупно 34,3 отсто од гласовите, а кандидатите од партиите во владејачката коалиција составена од Републиката во движење на претседателот Емануел Макрон, Демократското движење и Акција добиле само 10 отсто од гласовите.

Генерално, како што забележуваат медиумите, прелиминарните податоци покажуваат дека Националниот собир на Марин Лепен добил помалку гласови отколку што предвидувале предизборните анкети.

На поседните регионални избори одржани во декември 2015 година, партијата на Марин Лепен по првиот круг беше најсилната и осво 27,7 отсто од гласовите и водеше во сите региони, одсвен на Корзика. Меѓутоа, по традицоналното прелевање на гласовите меѓу социјалистите и конзервативците секогаш против десницата, на крајот не успеа да освои ниеден регион во земјата, но постигна историски успех со огромен број членови во локалните совети.

Националниот собир сега води во регионот Прованса-Алпи-Азурен брег, покаживаат двете излезни анкети, а станува збор за еден од клучните фронтови кој Марин Лепен сака да го освои за да го засили својот кредибилитет пред претседателските избори во 2022 година, откако на минатите во пролетта 2017 година без никаква коалиција и поддршка од други партии сериозно ја загрози победата на центристот Емануел Макрон. Анкетите, меѓутоа, покажале дека Националниот собир води во овој јужен регион со помала разлика од очекуваната пред десниот центрист Рено Миселие, кој склучи коалиција со партијата на Макрон.

Изборите ги одбележа многу ниската излезност на гласачите. Според Elabe, на изборите излегле само малку повеќе од 30 отсто до вкупниот број гласачи, што се толкува со определбата на луѓето да уживаат во сончевата недела по долгите месеци кои ги минуваа во карантин поради пандемијата на Covid-19. Според весникот Le Figaro, забележано е дека стотици изборачки места воопшто не биле отворени повеќе часови, што се илустрира со податокот дека во Марсеј 40 од 481 избирачко место не биле отворено на време утрото, поради отсуство на претседателите на изборните комисии. Се известува дека повеќе часови на избирачките места немало избирачки листи со кандидатите на одредени политички групации.

Регионалните избори се доживуваат како показател за располежението на гласачите во пресрет на претседателските избори следната година, како и тест за популарноста на Лепен која се обидува да го избегне имиџот на нејзината нова партија како екстремистичка и да го преземе гласовите од десниот центар, ублажувајќи ја својата евроскептична и антидоселеничка реторика.

Речиси сигурно е дека Марин Лепен и следната година ќе биде главната противкандидатка на Емануел Макрон. Таа ја има поддршката на големи маси Французи на кои им е доста од криминалот, стравот од губењето на работените места и кои се далеку од политичките елити. Доколку победи во регионот, тоа ќе претставува силна порака дека нејзината победа на претседателските избори во 2022-та не може да се исклучи и покрај традиционалните сојузување против неа.

Според излезните анкети, во северниот регион О-де-Франс, Републиканци покажале подобар резултат од очекуваното и имаат повисоко водство пред Национален собир отколку што покажуваа анкетите.