Вулканот на канарскиот остров Ла Палма, од кој во текот на изминатите 85 дена потекоа реки вжештена лава, конечно стивна па локалните жители го примија „божикниот подарок“ кој ќе се сеќаваат долго.
Комисијата за итни случаи (Pevolca) извести дека во саботата и официјално престанала ерупцијата започната на 19-ти септември на шпанскиот остров во Атлантскиот Океан, северозападно од брегот на Африка.
Вулканот на Кумбра Виехо (Стариот врв) наеднаш заспал вечерта на 13-ти декември а од тогаш не се забележани нови излевања на лава, ниту позначајни потреси, па стручњаците се уверени дека дефинитивно завршила неговата актовност.
„Ерупцијата заврши“, објави во саботата попладнето Хулио Перез, портпаролот на регионалната влада на автономната шпанска покраина Канари.
Шпанскиот премиер Педро Санчез, кој во текот на кризата неколкупати го посети островот, порача дека ова е „најдобриот подарок за Божик“.
„Потполно им се восхитувам на луѓето на Ла Палма. Ќе продолжиме да работиме заедно, сите институции, за да го обновиме прекрасниот остров Ла Палма и да ја поправиме настанатата штета“, објави Санчез на социјалните мрежи.
Станува збор за обемни зафати, иако ниеден човечки живот не беше загубен во ерупцијата и големото излевање на лавата, исфрчањето пепел и токсичниот облак од чад. Повеќе од 2.900 домови и згради се уништени, а лавата со дебелина од еден метар прекри речиси 1.200 хектари од островот. Штетата се проценува на повеќе од 900 милиони евра.
Последните седмици ширум Шпанија беа организирани разни спортски настани со коишто се собираа пари за настраданите, а истовремено се продаваат календари со импресивни форографии од вулканската ерупција.
Од своите домови евакуирани се околу 7.000 од вкупно 84.000 жители на островот. Портпаролот Перез изјави дека првите повратници би можеле да се вратот во текот на првата половина на јануари.
Поради насобраниот чад кој се претвори во опасно отровен густ облак беа откажани 500 летови во текот на повремените затоворања на воздушниот сообраќај, но сега се очекува раст на туристичките посети. Туризмот, заедно со плантажите на јужно овошје главно банани, се главниот извор на финансии за локалнот население.
Ова е најдолгата забележана ерупција на Ла Палма. Вулканската активност во 1585 годин на овој остров, според летописите, тогаш траела 84 денови. Но најдолгата регистрирана активност на некој вулкан во Шпанмија се случувала од 1730 до 1736 година на Ланзароте, исто така, остров на Канарите. Таму ерупцијата траела 2.055 денови, а денес поради така обликуваната природа Ланзароте е една од најактрактивните туристички дестинации.