Крадец се маскирал со чаршаф, но го открила камерата за надзор

Тетовската полиција успеала да открие осомничен на кражба извршена во локал во Јанчиште, откако бил снимен од камерата за видео надзор. Кражбата се случила ноќта меѓу петокот и саботата, а осомничениот во локалот влегол маскиран со чаршав.

На 9-ти јануари во 8 часот, 30-годишниот Д.С  од Јанчиште пријавил дека во објект кафе бар каде имало поставено и апарати за игри на среќа ноќта во период од 1:30 до 7:20 часот непознато лице извршило кражба во објектот.

Крадецот прво ја отворил влезната врата, а потоа отворил еден од автоматите за игри на среќа. Од паричник поставен во апаратот одзел 67.140 денари, дел во евра и дел во денари, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Малку подоцна околу 13 часот поради сомнение дека е извршител на кражбата приведен 45-годишно лице од истото село. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.