Иако навидум се’ изгледа совршено во Бакингемската палата, кралицата се подготвува да штеди, бидејќи имаат само уште милион фунти на сметка.
Камила сака да се разведе од Чарлс, но кралицата и објаснила дека тоа не е возможно, бидејќи нема да можат да и исплатат 350 милиони, колку што и се ветени со предбрачниот договор.
Taa е бесна затоа што Чарлс не сака да стане крал, а ако не го превземе кралскиот трон, Камила се заканува со развод и дека ќе ги открие скриените тајни на кралското семејство.
Според извештаите, британските даночни обврзници финансираат 300 згради кои ги користи кралското семејство, а за една година биле исплатени 51 милион долари. Но кралското семејство потрошило 55 милиони, па морале да ги искористат резервните фондови. За да се извлечат од финансиски проблеми, кралицата одлучила да изнајми голем дел од недвижниот имот и да дозволи да се употребуваат за приватни забави.