Кражба во Скопје тешка речиси 7.000 евра

Според информациите од Министерството за внатрешни работи вчера бил ограбен станот на 57-годишниот А.Ш. лоциран на улицата Гоце Стојчевски во населбата Скопје-Север.

Арамијата влегол во станот откако со погоден предмет ја скршил бравата од влезната  врата. По пребарувањето на собите тој украл по 500 евра и канадски долари и разновиден златен накит.

Арамијата со пленот вреден околу 7.000 евра избегал во непознат правец, полицијата трага по него.