Кремљ соопшти дека поранешниот руски службеник Олег Смоленков, идентификуван во американските медиуми како наведен агент на американската Централна разузнавачка агенција (CIA) во Русија, работел во претседателската админситрација, но немал директен пристап до претседателот Владимир Путин и оти бил отпуште пред неколку години.
Американските телевизии CNN и NBC News во понеделникот објавија материјали во кои се наведуваше дека американската разузнавачка агенција спровела операција во 2017 година за да извлече високорангиран руски функционер и шпион на CIA.
Портпаролот на рускиот претседаетл Владимир Путин, Дмитриј Песков за новинарите изјави дека Смоленков работел во претседателската администрација, но оти неговата позиција не предвидувала директни контакти со шефот на државата како и дека бил отпуштен пред неколку години. Но не дал попрецизни информациои.
Портпаролот на Кремљ, исто така, рекол дека поранешниот службенки во администрацијата на рускиот претседател не учествувал на ниеден состанок на шефот на државата. „Не, оваа позиција не предвидува такви контакти со претседателот“, рекол Песков.
Одговарајќи на прашањето дали Олег Смоленков бил помошник на ппомошникот на претседателот за меѓународни работи, Јуриј Ушаков, агенцијата ТАСС пренесува дека Песков одговорил дека ги дал сите информации „едноставно е невозможно да се обезбедат сите информации за претседателската администрација“, појаснил Песков и прецизирал дека со внатрешното распоредување на службениците тој бил отпуштен и оти станува збор за периодот 2016.2017 година.
Песков одбил да каже дали Соленков бил нечиј агент, но рекол дека американските медиумски извештаи се во „жанрот на ‘пеколниот шунд’“. „Сѐ е во ред со работата на руската контраразузнавачка служба“, пренесува московскиот весник Комерсант.
Според американските медиуми наводниот шпион Смоленков бил извлечен од Русија под лажна операцијата дека во јуни 2017 година оди на одмор во Црна Гора со своето семејство, по средбата меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Белата куќа. Наводно се стравувало за животот на шпионот бидејќи Трамп со Лавров споделил доверливи информација. Белата куќа уште во понеделникот го отфрли прилогот на CNN како неточен.
Весникот Комерсант пишува дека и доколку бил шпион, Смолников не бил дел од „внатрешниот круг“ на претседателот Путин. Рускиот претседател, кој и самиот е поранешен високорангиран разузнавач, имено се советива само со неколку луѓе во коишто има доверба.