КРИК.РС: Директорот на „Дедиње“ Бојиќ набавил неверодостојни тестови за коронавирус од бизнисмен од Македонија

Директорот од државна болница во Србија тврди дека Систина му ги донирала тестовите, додека Крик Србија покажува фактура во којашто Систина овие тестови од брендот „Биозек” очигледно ги извезла и продала по цена од 10 евра. Тестовите, додека набавната цена е 4 евра. Во Систина се продаваа по 20 евра.

Кога на 6-ти април призна дека коронавирусот влегол во установата што ја води и заразил 67 вработени и 14 пациенти, директорот на белградскиот Институт за кардиоваскуларни заболувања „Дедиње“, Милован Бојиќ, рече дека ќе започне со тестирање на сите што влегуваат во болницата, пишува Крик.рс.

„Како искусен човек кој практично е доајен во медицината од сите директори на здравствените установи, јас се обврзав да ги тестирам нашите здравствени работници и пациентите кои останаа во одделот“, рече Бојиќ за ТВ Прва.

После два дена, институтот со кој раководи, купи 300 тестови „Биозек“ за коронавирус од приватната компанија „Систина фармација“ од Македонија, според фактурата добиена од новинарите на КРИК / OCCRP. Овие тестови се рекламираат низ целиот свет како произведени во Холандија, дека го откриваат вирусот, а „Дедиње“ ги купило за 3.000 евра.

Проблемот, меѓутоа, е повеќеслоен: овие тестови не се сигурни за откривање на коронавируси, лажно се рекламираат како холандски производ, а компанијата од која ги купи Бојиќ е во сопственост на македонски бизнисмен, кој е под истрага за криминал.

Холандската компанија „Inzek International Trading BV“, која продава тестови „Biozek“ ширум светот, ги рекламира како веродостојни тестови за откривање на коронавируси произведени во оваа земја.

Истражувањето на новинарската мрежа Organized Crime and Corruption Reporting Project (OCCRP), објавено минатата среда, сепак, покажува дека тестовите се всушност изработени од кинеската компанија „Hangzhou AllTest Biotech Co. LTD“.

Тестовите првично беа произведени во Кина под името „Alltest“. Холандската компанија потоа ги купува од кинеската, ги спакува како бренд „Биозек“ и ги рекламира како свој производ, открија новинарите.

Холандската компанија им признала на известувачите на OCCRP дека тестовите се направени во Кина, а еден ден подоцна од својата веб-страница ги избришале лажните информации за потеклото на тестовите .