Еден од најдобрите фудбалери на светот, 36-годишниот Португалец Кристијано Роналдо, се искачи на првото место кога станува збор за заработките од рекламите на својот профил на Instagram, и од челната позиција го симна американскиот актер Двејн „Д’Рок“ Џонсон, објавија британските медиуми.
Роналдо, кого на Instagram го следат 308 милиони корисници на оваа социјална мрежа, може да наплати 1,6 милиони долари за една рекламна објава на својот профил, објави компанијата „Hopper HQ“, којашто се занимава со маркетинг на социјалните мрежи.
Двејн Џонсон, кого следат 250 корисници, за реклама ќе наплати 1,52 милиони долари, а на третото место е американската поп-пејачка Аријана Гранде којашто може да заработи 1,51 милиони долари.
Моментално најдобриот фудбалер на светот, Аргентинецот Лионел Меси, кого следат 224 милиони корисници, би можел да заработи 1,1 милион долари за рекламна објава на својот Instagram профил.