СВР Битола поднесе кривична пријава против Е.А.(44) од Битола, директор во АД „Македонска Пошта“ Подружница-Битола, за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
На 08.02.2014 година, пријавениот со службено возило „шкода фабија“ сопственост на АД „Македонска Пошта“ без патен налог за патување во странство направил излез на ГП „Меџитлија“ и отпатувал во Грција, стекнувајќи се имотна корист од околу 6.000 денари.