СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.В.(35) од Тетово, за сторено кривично дело „разбојништво“.
На 13.11.2012 година, во 09,00 часот во спортската обложувалница „Плеј Ин“ во Тетово, пријавениот маскиран и со закана со пиштол извршил разбојништво над две вработени, одземајќи им чанта со 100.000 денари, 150 евра и новчаник со 8.000 денари и лични документи.