Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје, донесе решение со кое го прифати предлогот на обвинителството и на Љ.П. со прекар П. oд Скопје, и му определи мерка притвор од 30 дена од денот на неговото пронаоѓање и лишување од слобода, а поради постоење на основите од член 165 став 1 точка 1,2 и 3 од ЗКП односно опасност од бегство, ќе ја попречи кривичната постапка со влијание врз сведоци или ќе го повтори кривичното дело, информираат од Kривичниот суд.
„Согласно наредбата за спроведување истражна постапка, за лицето постои основано сомнение за кривичните дела Убиство од чл. 123 ст.2 т.7 вв со чл. 22, Грабнување од чл. 141 ст.2 вв ст.1 вв. чл. 22 и Предизвикување општа опасност од чл. 288. ст.1 вв со чл. 22 од КЗ.
Воедно, како што информиравме и во текот на вчерашниот ден, судијата на претходна постапка го прифати предлогот на Јавниот обвинител за определување мерка краткотраен притвор од 48 час против А.Ѓ. заради постоење на основите до чл. 165 ст.1 точка 1 и 2 односно опасност од бегство и попречување на истрагата со влијание врз сведоци“, се нагласува во официјалното соопштение.
И двете решенија, како и известувањето за три други притвори во текот на вчерашниот ден, според Кривичниот суд, се поврзани со убиството на малолетната В.Ѓ. од Скопје и П.Ж. од Велес.