
С.С.(46), Ф.М.(30) и М.И.(22), сите од Гостивар добија кривична пријава поради сомение за неовластено производство и тргување со наркотици.
На 10.февруари оваа година С.С. од непознато лице од Арачиново набавил 15 паковки хероин наменети за продажба и уживање, од кои пет му продал на Ф.М., кај кого при извршен преглед биле пронајдени 0,57 грама хероин, а потоа во домот на С.С. е пронајдена уште 1,45 грама хероин. При претресот била затекната и третопријавената од која е одземена една кесичка со 2,38 грама марихуана.