Кривична пријава за скопјанец кој на Фејсбук објавувал закани

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против 46-годишен скопјанец Д.Д., осомничен за кривично дело „Загрозување на сигурноста“.

Како што соопшти МВР,  пријавениот Д.Д. по пат на информатички систем користејќи ја социјалната мрежа Фејсбук, на 23 и 24 јули 2019 објавил содржини со заканувачка содржина.

-Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР постапува уште по десетина вакви и слични случаи, за кои во текот на утрешниот и наредните денови ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира МВР.