Во услови на минимален раст на домашниот осигурителен пазар од 1,6% на годишно ниво, Кроација осигурување – Друштво за неживотно осигурување ја заврши 2017-та година со добивка и раст од 8,6%, што е меѓу првите три најдобри пазарни остварувања.
Компанијата го зголеми своето пазарно учество кое на крајот на минатата година се зголеми на 5,3% од вкупната бруто полисирана премија во сегментот на неживотното осигурување. Во текот на 2017-та година адекватноста на капиталот се искачи на 128%, а обезбедена е и 115% покриеност на техничките резерви со што задржано е високо ниво на сигурност во работењето и усогласеност со законските барања.
„Со понуда на атрактивни осигурителни производи и услуги што носат дополнителна вредност и придобивки за корисниците, како и со постојано унапредување на комуникацијата и нивото на доверба кај нив, нашата компанија успеа да продолжи со растот и во периодот на стагнација на осигурителниот пазар која беше посебно изразена минатата година. Веруваме дека во текот на 2018-та година, откако амбиентот од кој зависи растот на осигурителниот пазар значително се подобрува, ќе продолжиме уште поамбициозно со реализацијата на нашите развојни планови во чии фокус се корисниците. Тоа ќе нѝ овозможи да се проиближиме кон остварување на нашата стратешка цел – да бидеме меѓу ТОП 3 осигурителни компании во сегментот на неживото осигурување во Македонија“, изјави Гоце Вангеловски, извршен директор на Кроација осигурување – друштво за неживотно осигурување Скопје.
Еден од клучните проекти на кои ќе се темели растот на компанијата во текот на 2018-та година е дигиталната платформа за купување и обновување полиси на интернет и преку мобилен телефон – moja.croatia.mk, која веќе е лансирана и со која компанијата ја олесни комуникацијата и пристапот на корисниците до полисите за осигурување. Во тој контекст компанијата ќе продолжи да ја проширува и својата продажна мрежа и да склучува нови партенерства за застапување при осигурувањето. Во текот на целата година, компанијата континуирано се фокусира на усогласување на постојните и развој на нови осигурителни производи согласно пазарните трендови и потребите на корисниците. Очекувањата се дека сите овие новини ќе ја зголемат вкупната ефикасност во работењето, пораст на бруто премијата за 7% и натамошен раст на пазарното учество кое на крајот на 2018-та се очекува да го надмине прагот од 6%.