Маж и жена од Скопје биле каснати од кучиња скитници вчера на улица.
Во 19.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, 49-годишната А.А.од Скопје пријавила дека на улицата „Крсте Асенов“ била касната од куче скитник во пределот на десната потколеница.
Истиот ден во 08.20 часот во Полициската станица Центар, 46-годишниот И.А. од Скопје пријавил дека на улицата „Васил Ѓоргов“ бил каснат од куче скитник во пределот на левата потколеница.