Кумановец почина во пожар кој избувнал во помошен објект од поранешна фабрика

На 10.11.2021 во 15.05 часот во СВР Куманово било пријавено дека настанал пожар во помошен објект од поранешна фабрика на ул.„Доне Божинов“ во Куманово, сопственост на М.П.(59), информира МВР.

Во пожарот починал Д.Л.(79) од Куманово, роднина на сопственикот, кој живеел тука.

Смрт констатирал лекар од Медицински центар Куманово. Во 16.50 часот пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово.